МВР: Експлозија на гас ја предизвика несреќата во фабриката „Балкан гас“ во Богданци
Животот го загубија тројца работници, сите од село Ѓавато. Двајца од починатите биле во роднинска врска...

Екплозија на гас ја предизвика несреќата во фабриката „Балкан гас“ во Богданци, по увидот соопшти Министерството за внатрешни работи.
Животот го загубија тројца работници, сите од село Ѓавато. Двајца од починатите биле во роднинска врска.
Во текот на увидната постапка, јавниот обвинител при Основното јавно обвинитеслтво Гевгелија Ковачева, посочи дека компјутерот во кој е хардискот, а на кој најевројатно се и видео снимките од безбедносните камери се дадени на дополнително вештачење во МВР.
Очевидците велат дека најпрвин се слушнал продорен звук на испуштен гас, по што следувала страшна експлозија, а потоа уште една силна детонација, а наредниот половина час повеќе помали. Во радиус од 50-тина метри околу фабриката беа расфрлани малите плински боци.
