Состојбата на повредениот во експлозијата во Богданци непроменета

06.02.2015 14:19

Се наоѓа на одделот за интензивна нега во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје и се чека да поминат 48 часа за да се види состојбата на органите за дишење...

Состојбата на повредениот кој настрада вчера од експлозијата во фабриката за плински боци во Богданци е непроменета.

Се наоѓа на одделот за интензивна нега во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје и се чека да поминат 48 часа за да се види состојбата на органите за дишење.

Има изгореници на 30% од телото, главно на лицето и на рацете.

 

Соња Стојановска