Трае серијата на Кливленд
За разлика од Кливленд, Вашингтон е во лоша форма, па претрпе уште еден проаз, овој пат од Шарлот со 94-87...

Кливленд го соввада Клиперс со 105-94 во дербито на синоќешната програма со четири натопревари во НБА лигата. Уште во првото полувреме „кавалирс“ создадоа огромна предност од 23 коша и ја запечатија 12-тата победа во серија за пробив на третото место во источната конференција. Леброн Џејмс постигна 23 поени со девет асистенции, а Кевин Лав даде 24 коша, исто така со девет фатени топки.
За разлика од Кливленд, Вашингтон е во лоша форма, па претрпе уште еден проаз, овој пат од Шарлот со 94-87. Домаќинот ја доби последната четвртина со 25-13 и направи пресврт за 22-от триумф сезонава, трет по ред. Хендерсон беше лидер на Шарлот со 27 поени и со само пет промашени шута.
Највисока победа оствари Далас, кој немаше никакви проблеми на гостувањето кај Сакраменто. Монта Елис заврши со 21, Чендлер со 16, Бареа и Харис со по 15 поени го надополнија отсуството на Дирк Новицки.
Портланд конечно поврза две победи. Со извонредно издание во последните 12 минути против Феникс, оствари убедлив триумф со 108-87. За четвртопласираниот тим на западот, Никола Батум изброја 20, а Ламаркус Олдриџ 19 коша.
