Унион Берлин - пример за пофалба!
„Бени е и ќе остане значаен член на нашиот клуб. Неговата болест ги шокираше сите, но ние сме убедени дека тој повторно ќе го носи дресот на Берлин. Се работи за голем борец и на теренот и надвор од него“, клупските челници ја образложија одлуката...

Германскиот клуб Унион Берлин му понуди нов едногодишен договор на својот фудбалер Бенџамин Келер, иако на 34-годишниот играч му беше дијагностициран рак на желудникот.
„Бени е и ќе остане значаен член на нашиот клуб. Неговата болест ги шокираше сите, но ние сме убедени дека тој повторно ќе го носи дресот на Берлин. Се работи за голем борец и на теренот и надвор од него“, клупските челници ја образложија одлуката.
Келер дојде во Унион во 2013-та ,одигра 49 натпревари и постигна шест гола.
Примерот на Унион Берлин покажува дека и во ерата кога финансиите се на прво место, некаде и понекогаш моралот го наоѓа вистинскиот пат!
