Рекордно производство на електрична енергија од хидро-централите
Своевиден рекорд бил постигнат на 2-ри февруари кога наместо предвидените 2.258 гигават часови на електро- енергетскиот систем му биле испорачани 5.333, односно дури 136% повеќе од планираното...

Високиот дотек на вода во хидроакумулациите го крена производството на електрична енергија. Завчера хидроцентралите произвеле 23% струја повеќе од планираното. Наместо 6.995 гигават часови биле испорачани 8.669.
Вишокот струја на 3-ти февруари изнесувал 672 гигават часови. Сепак своевиден рекорд бил постигнат на 2-ри февруари кога наместо предвидените 2.258 гигават часови на електро- енергетскиот систем му биле испорачани 5.333, односно дури 136% повеќе од планираното.
Според најавите, ваквиот тренд на производство во хидро-централите ќе продолжи и во наредните денови, пред се поради рекордните дотеци во акумулациите, но и влажниот бран што повторно ја зафати земјава.
Свето Николовски
