Водата во Ерековци, Тројкрсти, Чепигово, Канатларци и Кадино село не е за пиење

06.02.2015 15:27

Водата во овие населени места не е бактериолошки исправна и истата доколку се користи може да биде причина за предизвикување на заболување...

Жителите од населените места: Ерековци, Тројкрсти, Чепигово, Канатларци и Кадино село да не ја користат водата за пиење. Водата во овие населени места не е бактериолошки исправна и истата доколку секористи може да биде причина за предизвикување на заболување. За таа цел екипи од ЈКП „Водовод и канализација“ секојдневно ќе ги снабдуваат жителите од овие населени места со флаширана вода за пиењекоја е донација од Прилепска Пиварница.

На редовниот координативен состанок на кризниот штаб се истакна дека состојбата е под контрола, но поради новите најави за врнежи во текот на денешниот и утрешниот ден мора да се следи состојбата особено на критичните места.

Екипи од АРМ и вработените во ЈКП се распоредени на терен со цел доколку се појави потреба навремено да интервенираат.