Здравство, судство, образование и полиција - најкорумпирани сектори
Според резултатите, најмногу загрижува фактот што студентите на проблемот не гледаат како проблем, туку како нормална појава...

Здравство, судство, образование и полиција се четирите најкорумпирани сектори во земјава. Ова го покажа најновото истражување на Европската унија која го спроведе со Државната комисија за спречување корупција во соработка со Сојузната служба за администрација на Германија.
Според резултатите, најмногу загрижува фактот што студентите на проблемот не гледаат како проблем, туку како нормална појава.
На денешната презентација на резултатите на првото од трите истражувања беше констатирано дека е потребно да се внесе нова институционална енергија во елиминирање на факторите за корупција.
Проектот е предвидено да заврши јули 2016 година. Врз основа на добиените резултати, ќе биде направена и кампања со која ќе се делува за спречување на корупцијата во сите сектор.
