Причините за смртта на 12 годишното девојче сеуште непознати
Втора независна комисија од првата ќе испитува што довело за толку кратко време да се влоши нејзината здравствена состојба и неколку часа по хоспитализирањето на инфективна да почине - потврдуваат од Министерството за здравство...

Сеуште не се знаат кои се причините поради кои што почина 12 годишното девојче пред повеќе од една недела на Инфективната клиника.
Втора независна комисија од првата ќе испитува што довело за толку кратко време да се влоши нејзината здравствена состојба и неколку часа по хоспитализирањето на инфективна да почине - потврдуваат од Министерството за здравство.
Првата комисија составена од доктори од Карил, Детската клиника и Градската општа болница „8-ми Септември“, утврдила дека матичниот лекар, дежурниот педијатар и докторите на инфективната клиника постапиле според медицина базирана на докази, немало пропусти во работењето.
Родителите најпрво дето го однеле кај матичен лекар, кој иако побарал да се направи крвна слика, девојчето одбило, но тогаш нејзината здравствена состојба не била влошена.
Утре дента состојбата се влошила, вечерта кога го посетиле дежурниот педијатар девојчето било во шокова состојба и веднаш упатено на Детската клиника. Но, наместо на детска, родителите ја однеле на Инфективна - велат од Министерсвото за здравство.
И покрај напорите на докторите на Инфективната- неколку часа по хоспитализирањето девојчето починало. Родителите одбиле обдукција. Директорот на Инфективна клиника поднел дисциплинска постапка против дежурните доктори кои не побарале по службена должност обдукција на телото.
