Иницијативата за одбрана на Македонија добива сѐ поголема поддршка

06.02.2015 16:47

„Нема премолчување за соработка со странски служби, кога се работи за нашата земја,  порачуваат бранителите од здрунието БЕДЕМ кои се приклучија на иницијативата за одбрана на Македонија.Велат дека интересите на државата секогаш треба да се во прв план, а не борбата за политичка власт.

„Нема премолчување за соработка со странски служби, кога се работи за нашата земја,  порачуваат бранителите од здрунието БЕДЕМ кои се приклучија на иницијативата за одбрана на Македонија.Велат дека интересите на државата секогаш треба да се во прв план, а не борбата за политичка власт.

„Сите бранители до еден ги збиваме редовите и застануваме во одбрана на Македонија, кога и да е потребно. Сега е такво време. Не можеме да го премолчиме својот револт кога дознавме дека некој соработувал со странските служби против интересите на својот  народ и својата држава. Тоа е срам за секој Македонец! Луѓе гинеле за оваа држава, за да бидеме свои на своето, а не некој да соработува со странски служби  и ја продава својата држава  и својот народ. Бранителите се секогаш тука за Македонија“, изјави Горан Димоски, претседател на здружението на безбедносните сили БЕДЕМ.

Се огласија и од мото-клубот „Ноќни волци“. Од таму велат дека во нивните редови има луѓе со разни политички убедувања, но во ваква ситуација сите се согласиле дека треба да повикаат на разумност и да мислат на државата, а не на внатрепартиски и лични интереси.

„Сакаме да апелираме до оние кои го почитуваат она што ние како клуб го правиме и до сите граѓани да не бидат актери и дел од такви црни сценарија. Да не дозволат да се случи хаос преку секојдневните уцени кои ги слушаме од одредени служби кои доаѓаат од надвор“, изјави Ленин Јовановски, мото- клуб „Ноќни волци“.

И пензионерите со поддршка на граѓанското движење. Повозрасните генерации, зборувајќи за нивното искуство, велат дека учествувале во креирањето на независна Македонија и како патриоти секогаш ќе ја бранат државата од странски и туѓи влијанија.

„Македонија треба да ја одбраниме од странското влијание. Тие немаат цел да те развијат. Тој што води разузнавачка служба, ја води да те руши. Затоа едно време имало УДБА, за одбрана на државата. Меѓутоа тоа се стари методи, уште има здруженија кои останале со такви гледања дека ако не ни помогне, ако не ни се умеша, не можеме да успееме. Јас гарантирам дека можеме да успееме сами со свои мисли, со својата мудрост и искуство дека можеме да одиме на прав колосек“, смета Драги Аргировски, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери.

Иницијативата ја поведоа професори, актери, писатели, синдикални лидери и други познати личности, се приклучија и здруженија и организации бранејќи го граѓанскиот интерес и жестоко спротивставувајќи се на вмешувањето на странските служби во домашните работи и нарушувањето на приватноста на граѓаните со прислушкувањето и заканувањето. 

Наташа Гркова – Петрушевска