Велес: Населбата Поток под вода
Вардар и Тополка кај Велес со зголмено ниво, но сеуште се во речното корито. Обилните врнежи засега проблем направија само во населбата Поток. Првичните информации од теренот говорат за навлезена вода во домовите на семејствата кои живеат во високиот дел од оваа населба...

Велешката населба Поток под вода. Обилните врнежи си го сторија своето. Месното население стравува. Велат, ако поминеме со оваа количина на вода, добро ќе биде.
„Од Каласлари наваму до Каратманово сета вода што паѓа и Ново село горе, кај Кишиносе, е долишта и поројници, се се слива тука, ама додека да дојде до овде потребно е најмалку два, два ипол часа.“
„Околу дваесет за два така нешто беше кога го слушнав кога дотече одозгора. Нема возила. Пред време се јавија дека ќе дојде потокот и луѓето ги остранија возилата“, велат анкетираните граѓани.
Состојбата будно ја следат и локалните власти.
„Нивото на Потокот расте континуирано од минута во минута, тука сме заедно со сите служби, активирани сме и од ЦУК и од единицата з абрза интервенција за спасување доколку има потреба да помогнеме било на кој начин“, изјави Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.
Инаку водостојот на реките Вардар и Тополка во велешко е зголемен. Засега тие се во речното корито, но ако врнежите продожат излевањата се неминовни.
Дијана Иванова
