Тина Мазе кралица на брзините
Мазе на сите делници од патеката беше најбрза но на крај со само 2 стотинки подобар резултат и се реваншира на Фенингер за загубениот супревелеслалом во кој беше поразена со само 3 стотинки...

Словенката Тина Мазе е победничка на специјалниот спуст на светското првенство во Бивер Крик. Таа имаше спектакуларно возење на патеката долга 2 и пол километри, многу брза, исполнета со стапици и со теренски скокови. Тоа беше трка со голема резултатска драматика во која главните хероини беа Мазе и Австријката Ана Фенингер. Мазе на сите делници од патеката беше најбрза но на крај со само 2 стотинки подобар резултат и се реваншира на Фенингер за загубениот супревелеслалом во кој беше поразена со само 3 стотинки. До бронзениот медал се спушти Швајцарката Лара Гут, која имаше 34 стотинки послабо време.
Големата фаворитка, Американката Линдзи Вон на крај беше 5-та со повеќе од една секунда заостанување. Силен беше притисокот на јавноста врз нејзините плеќи и не успеа да ги повтори неодамнешните победнички трки од Светскиот куп. Мазе и Словенија го слават голмиот успех. Ова беше 8-от нејзин медал освоен на светските првенства , првиот во спуст.
Со тоа ја обедини олимписката и светската круна во скијачката „формула1“, по ланскиот триумф во Сочи. Златото и среброто веќе блескаат на градите на Тина Мазе, до крајот има уште три дисциплини: суперкомбинација, велеслалом и слалом, во кои таа е во најтесниот круг на фаворитки.
Ќе биде ли Бивер Крик 2015-та, за вечно паметење на најдобрата словенечка скијачка на сите времиња?
