Црквата „Сент Мишел“ во Брисел

Црквата затворена за Македонците во Брисел

08.01.2014 16:15

Вчера вратите на црковните простории на Сент Мишел во Брисел останаа затворени за  Македонците со православна христијанска вероисповед кои веќе неколку години токму тука традиционално го прославуваа најголемиот христијански празник Христовото раѓање –Божик.

Вчера вратите на црковните простории на Сент Мишел во Брисел останаа затворени за  Македонците со православна христијанска вероисповед кои веќе неколку години токму тука традиционално го прославуваа најголемиот христијански празник Христовото раѓање –Божик.

Иконостасот на црквата Свети Илија пред која православните христијани се причестуваа за време на божикните пости , оваа година не беше поставен, причината за, ако може да се нарече, затворање на Црквата, според организациониот одбор, е помалку неверојатна. ,, Оваа година Божик се паѓа во работен ден“ -рече претседателот на македонската дијаспора во Белгија, Зоран Петковски.

Не сакајќи да говори пред камера тој објасни дека организациониот одбор заклучил дека ,,за прослава на најголемиот христијански празник немало интерес“. Според нивното искуство бројот на верниците кои би дошле на божикната литургија ќе бил мал. Оттука останува дилемата дали организаторите оцениле дека  ќе имаат мал профит за  да ги постават своите ,,тезги“, а од друга страна за тоа би требале да земаат и слободен ден од работните места. Црквата Сент Мишел со години наназад бесплатно ги отстапува своите простории, а според  Петковски веќе било договорено да дојде и свештено лице од струмичката епархија.

Во ваква ситуација вистинските верници од македонската дијаспора одбележувањето на Христовото раѓање го направија во други православни цркви како што е руската.

Марина Стојанова Тонева постојан дописник на МРТ од Брисел