Поплавите повторно направија проблеми во Куманово, Пчиња и Крива Река се излеаја
Попавените во селата Доброшане, Шупли Камен и Јачинце и Клечовце денска ги посети Министерката Јанкуловска заедно со надлежните институции за справување со поплавите. Неопходната помош на овие жители ќе им биде пружена се додека се санираат последиците...

Околу 70-тина семејства беа зафатени од полавите од излевањето на Пчиња и Крива река во куманоскиот регион. Во селата Шупли Камен, Доброшане, Јачинце и Клечовце, надојдените води навлегоа во викендици, штали, подруми и придржни објекти и ниви.
На жителите ќе им биде пружена неопходната помош додека се санираат последците од штетите, рече министерката Јанкуловска при посетата на поплавените села во кумановско.
Надлежните инститиуции смируваат дека, водата се повлекува во коритата и сотојбата се стабилизира. Тие будно ја следат состојбата и интеврвенираат на критичните места.
Поплавените жители велат дека најкритично било утрово, кога Пчиња почнала да надоѓа. Ова е четрвто излевање за две недели велат тие.
Штетите од поплавите ќе се утврдуваат по повлекувањто на водата во речните корита.
Габриела Димковиќ
