Расте поддршката за граѓанската иницијатива за спас на Македонија
Транспортери, тутунопроизводители, писатели станаа дел од здружението. Сметаат дека наместо за интересите на државата, одредени политичари соработуваат со странски служби за да остварат личен интерес...

Наместо економскиот развој и странските инвестиции да ни бидат во фокусот, ние треба да се занимаваме со случувања кои може да предизвикаат дестабилизација на земјата – смета Билјана Муратовска од Макам Транс која се приклучи на граѓанската платформа за одбрана на Македонија.
Поддршка стигна и од транспортерите од Истокот. За Горан Трпковски последните случувања може да имаат негативни импликации врз бизнисот со превозот.
На иста линија се и луѓето од агро-секторот. Во период кога земјата се соочува со големи поплави, се губи драгоцено време за политичи работи кои според тутнопроизводителот Никола Стаменов, не соодетствуваат со реалноста.
Писателот Димитров е изненаден од начинот на кој луѓето го прифаќаат здружението, затоа што како што вели, се повеќе на површина испливува револтот на луѓето од подготвеноста на одредени политичари да соработуваат со странски служби за да остварат личен интерес.
Интересите на државата треба да бидат во прв план, а не борбата за политичка власт, велат од платформата за одбрана на Македонија. Додаваат, дека нејзините членови ги обединува ставот за одбрана на граѓанскиот интерес од мешањето на странски служби во домашните работи со кои се нарушува приватноста на граѓаните.
Анита Димитријевска
