Ескперти за случајот „Пуч“: Писмото е потврда за соработка со странски служби

07.02.2015 18:13

Писмото од Заев до Верушевски, според дел од експертите е потврда за соработка со странските служби. Во писмото кое што го објавија повеќе медиуми, стои дека странски премиер и амбасадор ја подготвувале бомбата заедно со Заев и екс - разузнавачот. Аналитичари коментираат дека ова е прв пат во историјата на Македонија, лидер на опозиција политички да го рекетира премиерот на државата...

Писмото обелоденето во јавноста е уште еден доказ за соработката на Заев со странските служби- смета дел од експертската јавност. Напишано од лидерот на СДСМ  упатено до екс- разузнавачот Верушевски, Заев прецизирадеталите околу дејствувања однадвор.

Работата која ја чекаме од пријателите од надвор... Е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на премиерот  на странска држава . Нашиот извор (не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и вие, стои во писмото.

Експертите се зачудени како одредени политичари наместо да се грижат за интересите на државата, соработуваат со странски служби за да остварат лични интереси. Воено-политичкиот новинар Мирослав Лазански вели дека ова е прв случај каде политичар се фали оти соработува со странски служби. 

Лазански вели дека е можно материјалот да е компилација од чаршиски муабети од кои лесно се прави приказна со внимателно архивирање.

Заев се појави со бомба, во момент кога СДСМ беше најпасивна на политичката сцена во Македонија. Опозицијата, според новинарот Љубиша Николовски одамна немала програма за работа и стратегија за настап.

СДСМ има поданички однос кон странските интереси, пак смета аналитичарот Тони Науновски.

Во цивилизирани држави криминалот е криминал, а да снимиш некого неовластено  е токму тоа, пишува уредникот на Дневник Дарко Јаневски . Тој прашува дали истото би се случило со Путин и Обама и нивните опозиционери и дали рускиот и американскиот народ ќе поверуваат во такви тврдења, кои според него би биле со помош на странски служби.

Во најновата колумна, пак, Ирена Радовановиќ отвара дилема како Заев замислува да го урива ВМРО -ДПМНЕ кое има над 150 илјади  членови, а години наназад за избори освојува и по 500 илјади гласа.

Наташа Гркова- Петрушевска