Кредитите од ЕИБ го зголемија производството на 1.400 компании

07.02.2015 18:21

Од вкупно 350 милиони евра кои досега се ставени на располагање, веќе се повлечени над 280 милиони...

Евтините кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) го раздвижија македонското стопанство. Пари под поволни услови добија 1.400 компании од делот на производството, градежништвото, услугите, трговијата.

Од вкупно 350 милиони евра кои досега се ставени на располагање, веќе се повлечени над 280 милиони.

Од Македонската банка за поддршка и развој велат дека до средината на февруари ќе се повлечат уште 11 милиони евра за поддршка на 36 компании, при што ќе се реализираат околу 160 нови вработувања.

Досега преку оваа кредитна линија се отворени речиси 6 илјади работни места.

Од последната кредитна линија остануваат уште 56 милиони евра, пари за кои компаниите можат да аплицираат.