Нови апарати за брза и точна детекција на туберкулоза

07.02.2015 18:28

Брза и 100 проценти точна дијагноза на туберкулозата овозможува новиот апарат на Институтот за белодробни заболувања. Ако порано потребни беа три месеци, сега за 48 часа се  детектира туберкулозата, а за тоа време може да се утврди и дали пациентотот е резистентен на одредена терапија.

„Сериозно намалување на времето за добивање на резултатот и сериозно подигнување на нивото на лекување на овие болни. Затоа што досега некогаш се случувало имајќи предвид какви биле методите кои што се работеле, некои пациенти и до три месеци се лекувале, а потоа се констатирало дека е резистентен на таа терапија и дека треба да се промени терапијата“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.    

Според директорката на Институтот за белодробни заболувања, со новите тестови ќе може да се детектираат лицата инфицирани од туберкулозна бактерија. На тој начин навреме ќе може да се реагира, за да се спречи бактеријата да не премине во болест.

„Со правилното лекување ќе се оневозможи да се регрутираат нови болни од туберколоза. Значи и овој тест само ќе допридонесе за натамошна поуспешна контрола и на туберколозната инфекција и на туберколозата како болест во Република Македонија“, вели д-р Биљана Илиевска Попоска, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Според статистиката бројот на заболени од туберкулоза бележи континуирано намалување во последните десетина години. Минатата година вкупниот бил помал од 300 заболени.

Андријана Атанасовска