Кој е кој во групата во Хернинг?
Одбројување до почетокот на 11-то Европското ракометно првенство во Данска. 16 –те репрезентации, секоја стационирана во својата подготвителна база, ја коваат завршната форма пред неделниот старт. Македонија трет пат ќе биде дел од завршницата на несомнено, најсилното ракометно натпреварување. Нашата репрезентација ќе стартува во А групата во Хернинг во која се и селекциите на Данска, Чешка и Австрија.
Каква е „ракометната биографија“ на опонентите на македонскиот состав, каков е нивниот минат труд на Европските првенства досега?
Данска

Одбројување до почетокот на 11-то Европското ракометно првенство во Данска. 16 –те репрезентации, секоја стационирана во својата подготвителна база, ја коваат завршната форма пред неделниот старт. Македонија трет пат ќе биде дел од завршницата на несомнено, најсилното ракометно натпреварување. Нашата репрезентација ќе стартува во А групата во Хернинг во која се и селекциите на Данска, Чешка и Австрија.
Каква е „ракометната биографија“ на опонентите на македонскиот состав, каков е нивниот минат труд на Европските првенства досега?
Данска
Ракометна велесила. Домаќин на претстојниот евро-самит, бранител на титулата. Голем фаворит во групата. Репрезентација со исклучително резултатско минато. 10-ти пат Данците се дел од завршните натпревари на Европското првенство. Само во 1998 -та година направија „кикс“ во квалификациите. Предводени од еден од најтрофејните тренери во светскиот ракомет Улрих Вилбек, Данците на двете последни еуропеа го освојуваа златниот медал. Во 2008 година во Норвешка во финалето ја совладаа Хрватска со 24:20, а на последното во Белград во 2012-та златото го исковаа против Србија со 21:19. Претходно, во 2002 и 2004-та настапите ги завршуваа со бронзени медали. Данска со моќен состав влегува во одбрана на круната. Предводник на тимот е Микел Хансен, официјално најдобриот ракометар на светот за сезоната 2012/13 година. Сите други дански играчи се дел од најпознатите ракометни клубови во Европа. Во последните подготвителни мечеви на турнирот во Париз, Данска ги совлада Норвешка со 34:22 и Франција со 29:28, а одигра нерешено со Катар 23:23.
Чешка
И Чешка е земја на ракометот, иако е далеку од резултатите на Данците. Сукцесор на некогаш силниот чехословачки ракомет, кој играше значајна улога на светските првенства и на олимписките игри. Чешка 8-ми пат е во завршницата на Европското првенство. Највисокиот дострел го направи на своето деби во 1996 година освојувајќи го 6-то место. На последното европско првенство во 2012-та се пласира на 14-то место. Патот за Данска, Чесите го обезбедија со освојување на првото место во квалификационата група со Германија, Црна Гора и Израел. 64-годишниот Владимир Хабер е на тренерската клупа. Беше некогаш големо ракометно име на ЧССР, носител на сребрениот медал од Олимписките игри во Минхен во 1972 година. Филип Јиха е ѕвездата на тимот. 31-годишниот бек на Кил е во полна играчка сила. Пред 3 години беше прогласен за играч на годината во светот. Тука се и Павел Хоржек и вечниот Петер Штокл кој и во својата 37-ма година блеска на голот.
Чесите на последните тест натпревари ја совладаа Унгарија со 29:28 и Белорусија со 32:30.
Австрија
Репрезентација во подем. Од пред 4 години кога беше домаќин на европското првенство Австрија започна да ја гради селекцијата, која во Данска втор пат ќе биде дел од големиот настан. Довчерашните ракометни „аутсајдери“ чекорат се по стамено. Тоа го демонстрираа и во квалификациите низ мечевите против Србија, Русија и Босна и Херцеговина освојувајќи го посакуваното второ место. Голем дел од заслугата за успехот ја има селекторот Патрекур Јохансон, 41-годишен екс-репрезентативец на Исланд. Во селекцијата со дури 9-мина ракометари кои се дел од силната Бундес лига диминантни се неколку имиња: Виктор Силаѓи, Раул Сантош, голманот Никола Мариновиќ... Австрија амбициозно се подготвува за искушенијата што следат. За респект е последната проверка на формата со победите над Германија со 29:28 и над Русија со 31:30!
Македонија
Како вчера да беше еуфоријата создадена на македонскиот ракометен тим на Европското првенство во Србија во 2012 година. Ракометарите ја кренаа нацијата на нозе, се славеа победите, 5-то место од сништата, влезот во квалификациите за Олимписките игри. Македонија одново обезбеди место на најголемиот европски ракометен полигон. Ја биеја битката нашите ракометари во квалификациите против Португалија и Швајцарија. Успеаја да ја добијат и заедно со моќната Шпанија да се изборат за билет за Данска. Трет пат Македонија е на Европското првенство. Прв пат во 1998 година генерацијата на Пепи Манасков ја почувствува силата на настанот. Нерешениот резултат против тогаш моќната Русија од 26:26 беше бисерот во европското деби. Во 2012-та македонскиот ракомет го направи најголемиот исчекор.
Селекторот Ивица Обрван, кој неполна година е на чело на репрезентацијата, во пресрет на ЕП се соочи со неволјата предизвикана од повредите на Наумче Мојсовски и Филип Лазаров. Кире Лазаров е капитенот и предводник во испишувањето на новата наша ракометна сторија. До рамо со искусните Ристовски,Ангелов, Димовски, Миркуловски и со младиот бран на Стоилов,Манасков, Георгиевски, Ојлевски е дружина која ќе даде се од себе. Победата над Црна Гора со 32:27 и поразот од Србија со 30:28 е резултатското постигање во завршниот дел од подготовките.
Македонија досега одиграла 11 натпревари на Европските првенства: 4 победи, 2 нерешени и 5 порази е билансот. На ЕП во Италија во 1998 година доживеа пораз од Чешка со 38:18. На последното првенство во 2012 година Македонија ја совлада Чечка со 27:21, а беше поразена од Данска со 33:32. Македонија и Австрија играа во бараж за Светското првенство во 2013 година. Во Скопје Македонија победи со 26:21, а во реваншот беше поразена со 30:27.Во Хернинг ќе го имаат своето прво соочување на Европските првенаства.
Златко Калински
