Шампионски СЕХА дуел
Вардар ја доби првата битка сезонава. Во еден од последните натпревари во СРЦ Кале,црвено црните славеа со 32-29...

Иако е само за бодови во лигашкиот дел од СЕХА регионалното ракометно натпреварување, дуелот на двојниот и актуелен шампион на регионот Вардар и првакот од 2013-тата Загреб е сам по себе атрактивен, уште побеќе ако се има предвид желбата за докажување и надмудрувањето од клупите на поранешниот вардаров стратег Веселин Вујовиќ и актуелниот Раул Гонзалес.
Вардар ја доби првата битка сезонава. Во еден од последните натпревари во СРЦ Кале,црвено црните славеа со 32-29 предводени од Марковиќ со 10 гола.Загрепчани се желни за реванш во салата Градски Врт во Осјек,иако според Вујовиќ домаќините имаат проблем со повредите на Павловиќ и Брозовиќ,како и со суспензијата на Јосип Валчиќ.
„Но, ние се ќе сториме да го победиме Вардар, неможам да кажам ништо друго освен добро за нив, тие се екипа од европскиот врв“-изјави популарниот Вујо на пресот пред натпреварот“.
Вардар по напорниот меч со Брест отпатува за Загреб, се чуствува уморот и по настапите на повеќето играчи за националните репрезентации на светското првенство, но мечот со Загреб треба професионално да се одработи за да се осигура втората позиција на табелата и директниот пласман на фајнл-фор завршницата.
Дуелот на СЕХА шампионите ќе биде одигран од 20 часот и 15 минути,а преносот на МРТ собранискиот сервис ќе почне 5 минути порано.
