Ѕвонат швајцарските ѕвонци
Патрик Кунг во својата 31-ва година го отсонува најголемиот натпреварувачки сон. Можеби, му лежи оваа патека, на која пред две години првпат славеше во Светскиот куп...

Денеска во Бивер Крик слават Швајцарците. Му се радуваат на големиот успех во машкиот спут! Златен медал на Патрик Кунг и бронзен на Бит Фојз е учинокот во најпрестижната дисциплина на алпското скијање.Сребрениот медал отиде на градите на Американецот Тревор Генонг. Швајцарија после цели 18 години освојува златен медал во спуст, последниот славодобитник беше Бруно Кернен во 1997 година во Сестриере. Како многупати досега на големите натпреварувања, имињата од сенка денеска беа доминантни на патеката „Птици грабливки“!
Патрик Кунг во својата 31-ва година го отсонува најголемиот натпреварувачки сон. Можеби, му лежи оваа патека, на која пред две години првпат славеше во Светскиот куп, но во „супер-џи“. Можеби мал придонес во успехот има и патеката, која е „швајцарска“, проектирана од славниот екс-олимписки победник, Швајцарецот Бернар Риси!Но, пред се храброто возење со многу ризик на најделикатните делници ,победнички го однесе Кунг на целната рамнина.
Долго време помладиот негов колега од швајцарскиот тим му беше до рамо, се до моментот кога Американецот Тревис Генонг го загрози нивниот примат. 24 стотинки му недостасуваа за подвиг, но бурно беше поздравено неговото второ место од 20-те илјади гледачи крај патеката. Организаторот на Светското првенство во Бивер Крик зад себе успешно го остава „најделикатниот“ натпреварувачки дел, најбрзите трки во супервелеслалом и во спуст. Австријците денеска доживеаја голем резултатски неуспех, но и натаму се на чело на медал листата со две злата, а по едно имаат Словенија и Швајцарија.
Спуст (М): медали
1.Патрик Кунг (Швај) 1:43.18
2.Тревис Генонг (САД) +0.24
3.Бит Фојз (Швај) +0.31
