Ракомет – СЕХА лига

Младинците на Металург ремизираа со Војводина

07.02.2015 23:11

Во специфичен момент за клубот од Автокоманда којшто отвора нова страница во историјата, талентираните играчи на македонскиот шампион покажаа две лица во арената „Борис Трајковски“...

Реновирниот состав на Металург, со играчи од младинските категории, одигра нерешено 26-26 со Војводина во СЕХА лигата. Во специфичен момент за клубот од Автокоманда којшто отвора нова страница во историјата, талентираните играчи на македонскиот шампион покажаа две лица во арената „Борис Трајковски“. Во првото полувреме играа во грч и дозвлија противникот да создаде ралика од 17-11. Освен на 1-0 и на 2-1, Металург не водеше, а многуте грешки во нападот и слабата одбрана му овозможија на српскиот тим резултатски да го контролира натпреварот.
 
Но во второто полувреме Костески, Пешевски, Нелоски, Талески, Маџовски, заиграа поагресивно во одбраната, поразновидно во нападот, а сето тоа им овозможи да ја намалат предноста на ривалот којато во 31-та минута изнесуваше максимални седум гола, 18-11. Таква разлика Војводина создаде во два наврата и во првото полувреме. На крајот Металург, сепак, имаше и напад за победа, на 26-26, но не реализира, а потоа се одбрани и освои значаен бод во трката за шестото место и за четвртфинале во СЕХА друштвото. 
 
На прошталниот меч за Металург, Вугринец постигна девет гола. Есното крило Костески даде шест, сите во вториото полувреме, а Талески заврши со четири. Пивотот Пешевски трипати се запиша во листата, во сите случаи по одморот. Нелсоки двапати го совлада противничкиот голман, а Бојан и Борјан Маџовски дадоа по еден гол. Значаен придонес за ремито имаше и голманот Никола Митревски кој одбрани осум топки, од нив дури седум во вториот дел.