Награда според ефикасност за административците
Нема да има уравниловка во администрацијата и јавниот сектор. Платите ќе се стандардизираат според работното место, дефинирано во каталог . Синдикатите и Владата постигнаа договор за дел од одредбите од законите за администрација . Правата и обврските дополнително ќе бидат регулирани со договорите што ќе ги склучат синдикатите и јавниот сектор.

Станува збор за огромен број на права со кое се легимитира самото синдикално организирање. Правото на плата и надоместоци , правата на соодветни работни услуги на мирување на работа , го дефинира и правото за организирање на штрајк, рече претседателот на ССМ Живко Митревски
Ресорниот министер очекува со измените административците да бидат поефикасни , а најуспешните ќе бидат наградени .
Има многу објективен начин како да се наградува оној што работи и оние што не работат , со цел да се стимулираат што е можно повеќе вработените во администрацијата секојдневно ефикасно да ја извршуваат работата рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
Брисел во своите извештаи редовно забележува дека администрација не е доволно ефикасна. Очекувањата се дека со двата закона, кои се работени по теркот на европските , сликата ќе се смени .
Викторија Тодоровска