Пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ до Собранеито поднесе предлог за измени на законот за хонорарци
Целта е, како што велат, да се одговори позитивно на досегашните барања кои се појавија по донесувањето на актот. Еве што содржат сугестиите за олеснување на условите за плаќање придонеси за надоместоците...

Ќе се менува законот за придонесите за задолжително здравствено осигурување. Не се губи главната цел и праведноста на законот, велат од владејачката ВМРО- ДПМНЕ, но се прифаќаат забелешките на граѓаните за плаќањето давачки за остварените хонорари, односно приходи со договор на дело или авторски договор.
Ќе се плаќаат давачки само за износот над просечната плата во земјава остварена во претходната година.
Невработените лица се ослободуваат од плаќање придонеси до износот на минимална плата од 9.590 денари, а ќе се плаќаат давачки само на разликата над минималецот.
Од ВМРО - ДПМНЕ потсетуваат дека со овие законски решенија се води сметка пред се социјалниот момент. Односно се води грижа за оние лица кои подолго време работат без да им бидат плаќани какви било придонеси.
Предложените измени би важеле и за исплатените приходи во јануари годинава, а порамнувањето ќе го направат државните институции. Во споредба со европските земји придонесите кои ќе се плаќаат во земјава се неколку кратно пониски, нагласи Димовски.
Свето Николовски
