МВР воведе црвено копче за пријавување криминал

08.02.2015 18:16

Црвено копче за криминалот. Министерството за внатрешни работи од денеска ја активира можноста граѓаните да пријават дело поврзано со злоупотреба на деца, трговија со луѓе и криминал од омраза, односно повикување на насилство преку нивната интернет страница...

МВР воведува црвено копче за пријавување криминал. Преку интернет апликација на страницата на Министерството за внатрешни работи граѓаните ќе можат да дојавуваат за случаи на злоупотреба на деца,  трговија со луѓе, криминал од омраза или повикување на насилство.

Бидејќи се работи за сериозни сомненија , можни се злоупотреби. Но, од МВР уверуваат дека секоја намерна злоупотреба на апликацијата ќе биде дополнително истражена и соодветно санкционирана. 

По секоја доставена информација односно активирање на црвеното копче, таа ќе биде земена во работа од соодветната единица на МВР. Со оваа можност за он- лајн пријавување на дела не престанува можноста за информирање на МВР и на досегашните начини на пријавување преку телефонските броеви 192 и било кој друг контакт за алармирање во итни ситуации. 

 

Фиљана Кока