Киднапиран член на обезбедувањето на градоначалникот на Струга, Зијадин Села

08.02.2015 18:20

Последен пат лицето е видено во Струга во неговото возило марка Ауди А4 во 19 часот на 6-ти февруари, само половина час откако заминал од неговиот дом во село Велешта...

На 6-ти овој месец лицето Уран Купа кое две години работи како одговорно лице во општина Струга во службата за обезбедување, но и лично обезбедување на првиот човек на општината, пријавено е негово исчезнување. Последен пат лицето е видено во Струга во неговото возило марка Ауди А4 во 19 часот на 6-ти февруари, само половина час откако заминал од неговиот дом во село Велешта. 

Начинот како е изведен и немајќи ни еден траг, е доказ дека е направено од луѓе кои се професионалци. Немаме информации во разговорот со семејството, немал некакви закани, немал некакви расправии со некакви луѓе според наши информации до сега и начинот како е направено, мислам дека тука треба повеќе да се ангажираат или да ни дадат информација од страна на службите, вели градоначалникот на Струга, Зијадин Села.

Како што не информираа од СВР Охрид, случајот бил пријавен од страна на семејството, а во интерес на истрагата детали нема да бидат соопштени се до целосна завршница.

 

Јованчо Наумоски