Цената на свинското месо намалена за 10%

08.02.2015 18:39

Намалена е цената на свинското месо во Македонија за околу 10%. Намалувањето на цената се должи на зголеменото производство кое е резултат на намалувањето на ДДВ-то за увоз на сточна храна. Според проценките оваа цена ќе се задржи се до Велигден...

Зголеменото производство на свинско ја намали цената. Официјално соопштија од Асоцијацијата на фармерите од каде што велат дека цената на свинското е намалена за 10%.

Преработувачките капацитети потврудуваат дека е зголемено производството, но сепак оставаат простор проиводители и вклучените во оваа индустрија сами да си ја определат цената

Зголеменот производство и намалената цена, обајснуваат упатените, е резултат на намалувањето на данокот на додена вредност, на сточната храна и како резултат на општо пониската цена на зрнестите култури во Македонија, но и во регионот. Вишокот се извесзува и во други земји.

За почеток цената на свинското е намалена од 110 на 95 денари за килограм. Се очекува наредните три месеци да се задржи ова ниво на цена.

Моментално од оваа индустрија концетрирани се на извоз на јагнешко месо за пазарите во Хрватска и Италија.

Граѓаните посакуваат понсики цени, но велат дека се зависи од размислувањата на трговците.

Според проценките потребите на Македонија за свинско месо се движат до 23.000 тони. Поради зголемените субвенции на Владата, последниве години забалежан е раст на производството на свинско месо.

 

Габриела Димковиќ