Гринспен: Грција ќе мора да ја напушти еврозоната

08.02.2015 18:54

Според него, веќе никој нема да сака да и помага на грчката економија со нови заеми и предоговарањето на исплатата на долгот на Атина на крајот ќе резултира со заклучок дека најдобро за сите страни е да им се разделат патиштата...

Поранешниот шеф на американската Централна банка Ален Гринспен прогнозира дека Грција ќе мора да ја напушти еврозоната. 
 
Според него, веќе никој нема да сака да и помага на грчката економија со нови заеми и предоговарањето на исплатата на долгот на Атина на крајот ќе резултира со заклучок дека најдобро за сите страни е да им се разделат патиштата. 
 
Претходно, британскиот министер за финансии Џорџ Озборн рече дека можното грчко излегување ќе предизвика длабоки потреси за Британија.