Поплави: Владата на Србија одлучи да испрати 50.000 евра помош за Македонија
Во соопштението проследено до медиумите и до МТВ во Белград, се наведува дека одлуката за помош е донесена лично по предлог на премиерот Александар Вучиќ...

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука да и испрати еднократна прична помош на Македонија во износ од 50.000 евра по повод катастрофалните поплави.
Во соопштението проследено до медиумите и до МТВ во Белград, се наведува дека одлуката за помош е донесена лично по предлог на премиерот Александар Вучиќ.
Српската влада на седницата и додели помош и на Албанија во истиот износ.
Паралелно, во Србија на иницијатива на Националниот совет на македонската заедница тече хуманитарната акција за собирање на парични средства на жиро сметка на Црвениот крст на Македонија.
Во повикот за оваа акција, кој е објавен на социјалните мрежи и на веб порталите на македонските заедници од Врање до Суботица, стои дека тој е упатен и до сите граѓани на Србија да помогнат исто како што Македонија и помогна на Србија лани за време на големите поплави.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
