Престолнината на ЕУ можен прекршувач на правилата на заедницата
Европската комисија се сомнева дека токму даночниот систем на Белгија не се држи до договореното за давање предност на олеснувања на мултинационални компании...

Деновиве Белгија се најде под истрага на Европската комисија поради даночните олеснувања за мултинационални компании. Според еврокомесарот за конкуренција Маргарет Вестагер, Комисијата се сомнева дека даночниот систем на Белгија ги крши правилата на Европската Унија со давање предност на меѓународни компании во однос на белгискиот конкуренти.
„Се чини дека на неколку мултинационални компании им било дозволено да не платат данок или само мал данок од нивниот профит, и во основа ние мисиме дека тоа се случило без валидно оправдување на даночните принципи“, изјави изјави еврокомесарот за конкуренција Маргарет Вестагер.
Со т.н. „вишок профит“ се овозможува мултинационалните компании да ги намалат своите корпоративни даночни сметки далеку под стандартната стапка од 34 проценти, со што придобиките од остварениот екстра профит во Белгија достигнуваат од 50 до неверојатни 90 %. На ова белгиското министерствоза финасии експресно со став дека данокот за корпоративните зделки е усогласен со мегународните правила.
Сепак Вестагер ги одфрли аргументите на Белгија дека со овој систем се избегнува двојното оданочување на една компанија.
Доколку ова се потврди Белгија се соочува со сериозно обвинување за селективна предност на мултинационалните компании и нарушување на конкуренцијата на единствениот пазар.
Во интерес на истрагата не беа соопштени имињата на компаниите освен дека се со седиште во САД, но познато е дека за слични аранжмани под истрага се Фиат во Луксембург, Епл во Ирска и Старбакс во Холандија.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
