Кошарка – НБА

Голден Стејт пресилен за Њујорк!

08.02.2015 19:41

Најдобрите гостински кошаркари имаа намалена минутажа, па Стефон Кари постигна 22, а Клеј Томсон 16 поени. Затоа најрасположен беше Дејвид Грин со 20 коша, но и со 13 скока...

Голден Стејт е пресилен за Њујорк, па Вориорс и се штедеа и беа убедливи на гостувањето во Медисон Сквер Гарден со 106:92. Најдобрите гостински кошаркари имаа намалена минутажа, па Стефон Кари постигна 22, а Клеј Томсон 16 поени. Затоа најрасположен беше Дејвид Грин со 20 коша, но и со 13 скока. Со четириесетиот триумф, Голден Стејт ја оддржа негативата од две победи во однос најдобрата НБА екипа во моментов Атланта и тоа пред гостувањерето на Перо Антиќ и Хоукс кај второпласираниот во западната конференција, Мемфис.

Во другите натпревари: Њу Орлеанс – Чикаго 72:107, Вашингтон – Бруклин 114:77, Филаделфија – Шарлот 89:81, Милвоки – Бостон 96:93, Јута – Сакраменто 102:90 и Далас – Портланд 111:101 по продолжение.