Нов контингент македонски мировници во Авганистан

08.01.2014 16:41

Прегратки, надеж и желби - живи и здрави да се вратат од мировната мисија. Роднините и пријателите ги испратија 150те припадници на АРМ кои се дел од новиот контингент кој заминува за Авганистан.

„Подготовките што ги имавме во нашава земја и во Германија ни даваат голема сигурност“, вели Неџат Јусуфи - постар водник прва класа.

„Чест ни е со тоа да допринесеме за мирот и стабилноста“, рече Горан Станковски – командир на вод.

„Љубовта и поддршката што ја добивам од семејството е тоа што ме крепи да заминам во втора мисија“, вели Валентина Јованоска – постар водник.

Членовите на 16-тата ротација во следниве шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

„Можам пред сите вас, овде присутни, да ветам дека ќе бидеме вистински амбасадори на армијата и татковината“, изјави потполковник Блажо Николовски – командант на контингентот.

Со овој контингент Македонија ја достигнува бројката од 3 илјади мировници кои учествувале во мисии надвор од државата, рамо до рамо со оние од земјите членки на НАТО.

„Ние со учеството во мисијата ИСАФ делуваме како полноправна членка на НАТО, рамо до рамо со нашите партнери“, изјави генерал - потполковник Горанчо Котески – Началник на ГШ на АРМ.

Ова е претпоследна ротација на наши мировници во рамки на мисијата ИСАФ во ваков состав. Но според министерот за одбрана Џафери, Македонија останува на браникот на мирот се додека има потреба.

„Ние учествуваме во сите подготовки за продолжување на присуството во Авганистан по 2014 година во новата мисија „Одлучна поддршка“, но во друг формат, неборбен ангажман“, изјави Талат Џафери – министер за одбрана на Република Македонија.

Нашите мировници од командата на ИСАФ и од високите командни структури на НАТО алијансата во континуитет добиваат највисоки оценки и уживаат висок рејтинг.

Новинар: Зоран Јованоски

Снимател: Даниел Евросимоски