Ракомет

СЕХА завршницата цел на Вардар и Металург!

08.02.2015 19:51

Со оглед на новиот систем, главна цел на вардарци, ако не можат да го стигнат Веспрем којшто има максимални 14 победи, е да го задржат второто место и директно да се пласираат на завршниот турнир...

Во очекување на двете завршни кола од фазата по групи во ракометната Лига на шампионите, Вардар и металург се насочени кон регионалното, СЕХА натпреварување. Светското првенство очигледно влијаеше, па Вардар вчера загуби на гостувањето кај Загреб. Металург пак, со новиот и млад, но не втор туку веќе сега прв тим, ремизираше против Војводина и почна една поинаква епизода.

Со оглед на новиот систем, главна цел на вардарци, ако не можат да го стигнат Веспрем којшто има максимални 14 победи, е да го задржат второто место и директно да се пласираат на завршниот турнир. Утре, црвено- црните дома ќе играат со Војводина со пренос на МРТ Собранискиот сервис во 18.30, додека Веспрем ќе го пречека Борац.

И покрај непријатата ситуација, Металург е во добра позиција да го заврши основниот дел од лигата на шестото место и со тоа да игра черврфинале во два меча со третопласираната екипа. Во моментов со натпревар помалку, тимот од Автокоманда има пет бода повеќе од хрватски Нексе.

Табела:

  1. Веспрем                     42
  2. Вардар                       33
  3. Загреб                        27
  4. Татран Прешов          27 (-1)
  5. Мешков Брест            27 (-1)
  6. Металург                   15 (-1)
  7. Нексе                         10
  8. Војводина                  7
  9. Раднички                   7 (+1)
  10. Борац                        4 (-2)
  11.