Ски скокови

Втора победа за Фанемел!

08.02.2015 19:52

Скоковите од 135,5 и најдолгиот од 143,5 метри му беа доволни на Фанемел да собере повеќе поени од ветераните, 34 годишниот Полјак, Камил Стох и една година помладиот чешки скокач, Роман Куделка...

Најдобрата сезона во досегашниот дел од кариерата на 23 - годишниот Норвежанец Андерс Фанемел. По триумфот во руски Јужни, Фанемел победи и на скокалницата во германски Нојштад. Скоковите од 135,5 и најдолгиот од 143,5 метри му беа доволни на Фанемел да собере повеќе поени од ветераните, 34 годишниот Полјак, Камил Стох и една година помладиот чешки скокач, Роман Куделка.

Иако беше петти, Австриецот Штефан Крафт ја зголеми предноста во генералниот пласман на 58 бода во однос на денеска седмопласиранот Петер Превц од Словенија. Сега трет со 187 бода помалку е Куделка кој го прескокна дисквалификуваниот на 22-то од 31 натпреварување сезонава, Германецот Северин Фројнд.