Вардарки целат кон четвртфиналето!
о моментов вардарки се четврти во Групата 2 со пет бода и со амбиција да се пласираат што подобро за да имаат евентуаелн полесен противник во нокаут фазата...

Откако вчера беа убедливи и резултатски и според играта против Крим (41:30), ракометарките на Вардар се во добра позиција да обезбедат четвртфинале во Лигата на шампионите. Според новиот систем, нема директен пласман на завршниот турнир во Будимпешта, туку претшходно ќе се одиграат четвртфинални дуели. Во моментов вардарки се четврти во Групата 2 со пет бода и со амбиција да се пласираат што подобро за да имаат евентуаелн полесен противник во нокаут фазата.
Во прилог на црвено – црните ракометни дами им одат и другите резутати од 2-то коло од главната фаза. Лидерот Будуќност го совлада Лајпциг со 28:21, а Турингер загуби дома од Динамо со 33:30.
Црногорската екипа којашто лани играше во финалето, а во полуфиналето го елиминираше Врдар нема пораз и собра 11 бода. Тимот од Волгоград, Динамо има 8, Лајпциг 6, македонскиот шампион 5, Турунгер 4 и Крим 2 бода.
До крајот, вардар наррдниот викенд ќе му гостува на Динамо, потоа дома ќе игра со Лајпцвик, па ќе патува во Словенија кај Крим, а групата ќе ја заврши дома со дуелот против рускиот првак.
