Кошарка – АБА лига

Прв пораз на Црвена Звезда!

08.02.2015 22:43

Црвена Звезда со ефект 20-1 е неприкосновен лидер во АБА лигата и веќе одамна обезбеди пласман во плеј офот...

Заврши нсеријата без пораз на Црвена Звезда. Откако поставија рекорд од 20 победи по ред, црвено – белите загубја на гостувањето кај Крка. Екипата на македонскиот селектор Александар Џикиќ беше подобра со 77:67. Со 11-та победа сезонава, Крка е на делба на четвртата и петтата позиција со словенечкиот ривал Олимпија. Црвена Звезда со ефект 20-1 е неприкосновен лидер во АБА лигата и веќе одамна обезбеди пласман во плеј офот.

Во реприза на минатогодишното финале, Цедевита и се одмазди на Цибона со 81:79 и се зацврсти на третото место со две победи повеќе и пораз помалку од Партизан. Црно – белите утре дома ќе играат против последнопласираниот Левски.

МЗТ Скопје Аеродром утре ќе му гостува на Металац и со евентуален триумф ќе побегне од претпоследната позиција на штета на Игокеа. Преносот Металац – МЗТ Скопје ќе биде на МРТ Собранискио сервис во 20 часот и 30 минути.