Кошарка – Прва лига
Фени е нов кошаркарски лидер!
08.02.2015 22:45
Со осмата победа сезонава, кавадарчани по 12-то коло имаат бод повеќе од Работнички, Куманово и од Карпош соколи...

Фени Индустри го совлада Кожув со 82:71 и ја презеде лидерската позиција во Првата македонска кошаркарска лига. Со осмата победа сезонава, кавадарчани по 12-то коло имаат бод повеќе од Работнички, Куманово и од Карпош соколи.
И покрај шестиот пораз, гевгеличани напредуваа на петтото место, но само привремено, затоа што МЗТ Скопје Аеродром покрај бодот има и два меча помалку.
Натпреварот од 12-то коло како гости против Водњански лисици, аеродормци ќе го одиграат на в среда.
Вчера, Работнички славеше во Штип против Гоце Делчев со 81:64, додека Куманово го совлада Карпош соколи со 89:84. Слободна во оваа рунда беше Струмица.
