Фудбал

Брегот слонова коска шампион на Африка!

08.02.2015 23:58

Во финалето во Бата – Екваториална гвинеја, Брегот слонова коска по пенали беше подобар од Гана со 9:8, откако по 120 минути немаше голови...

Фудбалската историја се повторува, Брегот слонова коска ја освои втората титула на Африканскиот куп на и тоа на речиси ист начин како пред 23 години. Во финалето во Бата – Екваториална гвинеја, Брегот слонова коска по пенали беше подобар од Гана со 9:8, откако по 120 минути немаше голови. Новиот првак промаши два, поразените три удари од белата точка.

И во 1992-та година решаваа пеналите, тогаш беа изведени рекордни 24, а Брегот слонова коска исто така против Гана славеше со 11:10.

Интересно, сите четири финалиња во коишто играа фудбалерите на Брегот слонова коска беа решени по шутеви од 11 метри. За Гана ова беше деветти натпревар за трофејот којшто досега го освојуваше четирипати.