Скијање – СП Бивер Крик

Хиршер шампион во суперкомбинација!

09.02.2015 00:02

Лидерот во Светскиот куп, Хиршер потврди дека сезонава е неверојатен и победи во суперкомбинацијата на скијачкиот мундијал во американски Бивер Крик...

Неверојатното скијање во слаломската трка, на Австриецот Марсел Хиршер му го донесе второто злато во кариерата на Светските првенства, по среброто во слалом пред две години. Лидерот во Светскиот куп, Хиршер потврди дека сезонава е неверојатен и победи во суперкомбинацијата на скијачкиот мундијал во американски Бивер Крик.

Иако по спустот беше 30-ти со повеќе од 3 секунди заостаток во однос на Кјетил Јансруд, 25-годишниот Хиршер во најтехничката дисциплина ја анулираше негативата и за 19 стотинки беше подобар од Норвежанецот. Третото место со 30 стотинки послаб резултат го освои шампионот од претходните две првенства, Американецот Тед Лигети.

Со вкупно деветтото злато, Австрија и натаму е најдобра во историјата на шампшионатите во комбинација. И во Вејл, Австрија е најуспешна со четири медали, три златни и едно сребро. Во истата дисциплина утре ќе се натпреваруваат скијачките.