Светот денеска

Скандал во Германија. Наместо банани – кокаин!

08.01.2014 16:49

Скандал во Германија. Наместо банани- кокаин. Германската полиција запленила големо количество кокаин којшто бил испорачан во неколку германски супермаркети. Пратката успешно минала на царина.

„Очигледно шверцерите направиле логистичка грешка и по царината зеле погрешни пакети во коишто навистина имало банани“.-изјави претставник на полицијата.

Се проценува дека уличната вредност на запленетиот кокаин изнесува околу шест милиони евра.

Одложено е судењето на соборениот египетски претседател Морси. Поради лошото време, не можел да полета хеликоптерот што требаше да го донесе во Каиро. Полицијата во главниот град е на висок степен на подготвеност по судирите со неговите приврзаници минатиот петок во кои загинаа 11 луѓе. Морси е обвинет за поттикнување на убиства на демонстранти, измама и терористички заговори со странски милитанти.

Во Канада товарен воз со запаливи материи излета од шините во Њу Брунсвик, близу до границата со САД. Поради опасноста од запалениот пропан и сурова нафта, пожарникарите мораа да останат на безбедно растојание. Евакуирани се 45 домаќинства на 2 километри од несреќата. Во јули во во Квебек при превртување на воз со запаливи материи беше уништено половина од гратчето Лак Межантик и загинаа 47 луѓе.

Воз се запали и во Индија. Загинаа 9 патници кои спиеле кога избувнал пожарот. Причината не е позната, а по гаснењето на огнот возот го продолжил патувањето.

„Вагонот гореше. Целиот заден дел од возот беше опожарен. Насекаде имаше чад а луѓето во паника трчаа надвор“.—изјави патник.

Жртвите се задушиле од чадот, а има и четворица повредени.

Сите европски институции – Парламентот, Комисијата и Советот, ќе ги сменат своите лидери до крајот на годинава. Според Франс Прес, зад кулисите, веќе почнале маневрите околу потенцијалните кандидати. Освен тоа, ќе се сменат и сите 27 еврокомесари, од кои еден ќе биде наследникот на шефицата на европската дипломатија Ештон. Граѓаните на Унијата ќе изберат 751 европратеник од 22-ри до 25-ти мај.

Марина Автовска