Над 21.000 повици досега на „Ало докторе“

09.02.2015 10:05

Јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија и најчесто се со широк спектар на најризлична симптоматологија - кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка...

Вкупно 21.412 повици се регистрирани на телефонската линија за медицински совет Ало докторе! (02/15 123)  од септември минатата година, кога започна да работи до сега, а во изминатите седум дена 1.252 граѓани се јавиле за медицинска помош.
 
Достапни за медицински совет се 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија и најчесто се со широк спектар на најризлична симптоматологија - кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка. 
 
Во кол центарот Ало докторе! секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.
 
Според распоредот, денеска во посочениот термин на линијата Ало докторе! ќе биде проф. д-р Михаил Пенев, директор на Клиниката за урологија, а утре д-р Милан Ристевски од Институтот за радиотерапија и онкологија, на 11 февруари д-р Славица Шубеска Страткова директорка на Клиниката за ендокринологија, на 12 февруари д-р Реџеп Селмани од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и во петок на 13 февруари др.Аспазија Софијанова директорка на Клиниката за детски болести.
 
Во сабота на 14 февруари совети на линијата 02/15123 од 18 до 22 часот ќе дава доц. д-р Сашко Кедев од Институтот за кардиологија и на 15 февруари проф. д-р Александар Шиколе од Клиниката за нефрологија.