Мигрант од Сирија го загуби животот на македонските пруги
09.02.2015 12:42
Вчера околу 11 часот во полициската станица Неготино, било пријавено дека на железничката пруга на излез од Демир Капија према Неготино било пронајдено непознато машко лице прегазено од воз...

Уште еден мигрант го загубил животот на железничка пруга. Вчера околу 11 часот во полициската станица Неготино, било пријавено дека на железничката пруга на излез од Демир Капија према Неготино било пронајдено непознато машко лице прегазено од воз.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа неготинската полиција.
Починатиот мигрант е 24 годишно момче од Сирија. Телото било предадено за обдукција.
