Штети од поплавите: Земјоделците да побараат стручна помош

09.02.2015 12:47

По локални дождови не очекува студено време. Веќе е извесно дека во поплавените подрачја есенските култури ќе претрпат штети. Препорака е за стручните совети земјоделците да побараат помош од советодавната агенција...

Задржувањето на водата на посевите повеќе од 10 дена ќе предизвика уништување на родот. Коренот нема кислород, па не е исклучено задушување.

Штети можат да се јават и од ерозијата, и од губење на органските материи во почвата.

Бидејќи се можни различни оштетувања, препораката е стручна помош да се бара во Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството.

Претходно ќе треба да се направат педолошки и агрохемиски анализи, па потоа да се сади соодветната култура и сорта.

 

Методија Трајков