Експлозија во хемискиот погон кај Доњецк
09.02.2015 12:49
Претставникот на локалните власти Константин Долгов изјавил дека мета на нападот била фабриката за производство на експлозив и муниција. Нема информации за настрадани и за обемот на штетата...

Хемискиот погон кај Доњецк е погоден од граната на украинската војска по што избил пожар кој веднаш бил изгаснат-јавува Доњецка новинска агенција.
Претставникот на локалните власти Константин Долгов изјавил дека мета на нападот била фабриката за производство на експлозив и муниција. Нема информации за настрадани и за обемот на штетата.
Од таму соопштуваат дека нема опасност од излевање отровни материи.
Според украинскиот парламентарец Борис Филатов војниците што го испалиле проектилот не знаеле што гаѓаат бидејќи нишанеле врз основа на координати.
