Прва победа на француските социјалисти по три години

09.02.2015 12:53

Француската владејачка социјалистичка партија, по три години, победи на парцијалните избори на истокот на земјата...

Тие избори се сметаат за проверка на  популарноста на  владата еден месец по терористичкиот напад во Париз.

Резултатот е важен заради регионалните избори следниот месец. 

Станува збор за прва победа на социјалистите во последните три години, со што е прекината низата од 13 порази на сите вакви избори откако во 2012 за претседател е избран  Франсоа Оланд.