Путин во посета на Египет
09.02.2015 12:54
Кремљ соопштува дека се очекува размена на мислење за состојбата на Блискиот исток, во северна Африка, а пред се во Ирак, Сирија и Либија, како и за израелско-палестинските судири...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе престојува во Египет по покана на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси. Се очекуваат разговори за перспективите на билатералните односи меѓу Русија и Египет, пред се на политички, а потоа на економски, трговски и на хуманитарен план.
Кремљ соопштува дека се очекува размена на мислење за состојбата на Блискиот исток, во северна Африка, а пред се во Ирак, Сирија и Либија, како и за израелско-палестинските судири. Во минатата година при посетата на египетскиот претседател на Русија, Москва и Каиро договориле зајакнување на соработката на енергетски и воен план.
Египет којшто е најголем увозник на пченица во светот и втор најголем купувач на руската пченица, ги трпи последиците на руската одлука за ограничување на извозот на пченица, за да ги намали цените на домашниот пазар, што значително пораснале поради економската криза.
