Котормановиќ: Македонија е подготвена да биде дел од НАТО
09.02.2015 13:12
Двајцата министри се согласија дека ќе ги зацврстат, и така добрите односи на двете земји...

Со сите државни почести, денеска во Скопје беше пречекан хрватскиот министер за одбрана, Анте Котромановиќ.
Неговиот македонски колега, Јолевски, рече дека за време на денешната средба имале плодна дискусија, а со договорот кој го потпишаа, и двајцата министри се согласија дека ќе ги зацврстат, и така добрите односи на двете земји.
Котромановиќ ја потврди поддршката на неговата земја за влез на Македонија во Европската унија и во НАТО.
