Почна судењето за случајот „Арсенал“
09.02.2015 13:22
За сервис на украинските армиски хеликоптери потрошиле 2,6 милиони долари, за што обвинителството, согласно новиот закон, ќе побара да се сослушаат 4 сведоци...

Почна судењето за деветмината уапсени во полициската акција „Арсенал“. Им се суди за перење пари и за злоупотреба на службената положба.
За сервис на украинските армиски хеликоптери потрошиле 2,6 милиони долари, за што обвинителството, согласно новиот закон, ќе побара да се сослушаат 4 сведоци.
Одбраната, пак, тврди дека во случајот нема перење пари, и дека сервисот на леталата бил легален.
Обвинетите сеуште се немаат изјаснето дали ја прифаќаат вината.
