Пелагонија: Водата се повлекува, почнува проценката на штетите

09.02.2015 13:27

Во моментов се прават првите проценки за штетите, ќе се санираат мостовите и патиштата...

Пелагонија и натаму е под вода, која сепак, според последните информации се повлекува. Во моментов се прават првите проценки за штетите, ќе се санираат мостовите и патиштата.

Ударниот бран на Вардар предизвика излевање кај гевгелиското село Мрзенци. Реката се излеа и во валандовскиот регион, кај селата Марвинци и Јосифово.