Уште една недела можност за пензионерите за пријавување за бањско климатска рекреација и за бесплатен туристички викенд

09.02.2015 13:40

Сите заинтересирани пензионери коишто ги исполнуваат условите може да аплицираат во подрачните филијали во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија ширум државата...

Уште една недела до истекот на рокот за пријавување потсетува дека повикот за користење на услугата за „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година“, како и за услугата „Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година“, потсетува Министерството за труд и социјална политика.

Сите заинтересирани пензионери коишто ги исполнуваат условите може да аплицираат во подрачните филијали во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија ширум државата.

За потсетување, овие услуги може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување.

Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација и бесплатниот туристички викенд.

При рангирањето на поднесените барања, приоритет ќе биде даден на пензионерите коишто пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите коишто се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност.