Маскирани лица отвориле оган врз полицијата во Марсеј

09.02.2015 13:46

Квартот е опколен и во тек е голема полициска операција, а на жителите им е советувано да останат во своите домови...

Вооружени и маскирани лица отвориле оган од калашњикови врз полицијата во францускиот град Марсеј. Според француските медиуми, не се работи за терористички напад, туку за пресметка на нарко-банди.

Квартот е опколен и во тек е голема полициска операција, а на жителите им е советувано да останат во своите домови.

„Франс прес“ информира дека било пукано во воздух и дека нема жртви и повредени. Непосредно пред пукотниците во Марсеј требало да пристигне премиерот Мануел Валс.